На 13.05.2025 во 20.00 часот во струшкото село Октиси, полициски службеници од полициското одделение во селото Велешта, од слобода лишија 56 годишно лице од Октиси, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал членови на неговото семејство.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 13.05.2025 во 22.45 часот, полициски службеници од ОВР Струга приведоа 28 годишен албански државјанин кој под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир со недолично однесување на улицата „Партизанска“, а потоа и кон вработени во Медицинскиот центар во Струга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews