На 08.12.2025 во 12:29 часот во СВР Охрид било пријавено дека околу 10 часот, во домот на 82-годишен охриѓанев едно лице влегло и со употреба на физичка сила, му го одзел паричникот со пари.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Вчера во 14:10 часот во Охрид, полициски службеници лишиле од слобода 41-годишен жител на Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 65-годишна мајка дека физички ја нападнал, соопшти Димоски.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така вчера, во 17:00 часот, во струшкото село Долна Белица, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 34-годишен жител на истото село.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 388 парчиња различни пиротехнички средства, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот Димоски.

OhridNews