Во билтенот на СВР Охрид две пријави за физички напади и една за оддалечување од домот.
На 26.08.2025 во 16:45 часот во СВР Охрид, 39-годишна жена од Охрид пријавила дека на 25.08.2025, нејзиниот поранешен сопруг физички го нападнал нивниот малолетен син додека престојувал кај него согласно решението на Центарот за социјални работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.08.2025 во 23:00 часот во СВР Охрид, 33-годишно лице од Охрид пријавил дека околу 20:30 часот на ул. „Питу Гули“ во Охрид, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.08.2025 во 14:00 часот во СВР Охрид, 37-годишно лице од с.Мешеишта, општина Дебрца, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот 15-годишен син. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews