Вчера околу 14.45 часот, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од 74-годишен охриѓанец и патничко возило „хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од 28-годишен жител на Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, соопшти СВР Охрид.

Синоќа околу 21.30 часот, на регионалниот пат Дебар – Струга, полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Џепиште“, во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Дебар, лишила од слобода две лица од Прилеп на возраст од 34 и 36 години.

При преглед во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, биле пронајдени и одземени една торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во полицискиот билтен.

Г.М.