Синоќа  во 20:30 часот,  во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид две лица физички нападнале 43-годишен охриѓанец.

По целосно расветлување на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 10.10.2025 во 23:50 часот на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници лишиле од слобода две млади лица на возраст од 19 и 20 години.

При преглед во паркиран патнички автомобил полициските службеници кај едно од лицата пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.

На 10.10.2025 во 20:20 часот на магистрален пат Струга-Ќафасан, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ лишија од слобода три лица, меѓу кои и еден 16 – годишник, сите од Албанија.

Тие се затекнати во патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки, сопственост на едно од лицата, при што е констатирано дека другото полнолетно лице и малолетникот илегално ја преминале македонско-албанската државна граница. При преглед кај еден од нив е пронајдена марихуана, по што е лишен од слобода. Со малолетникот разговор извршија адвокат за малолетници и претставник на Центарот за социјални работи од Струга. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Димоски.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При преглед во неговиот патнички автомобил извршен на паркинг простор во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кокаин, по што го лишија од слобода, соопшти портпаролот на СВР Охрид.

OhridNews