Во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, со тешки телесни повреди се здобила 36-годишна жена.
На 02.09.2021 во 06.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 67 годишно лице од с.Лешани, охридско, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 36 годишнта сопатничката од с.Лешани, констатирани во болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“-Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
На улицата „АСНОМ“ во Охрид во незгода повредена малолетничка.
На 02.09.2021 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„АСНОМ“ во Охрид, мотоцикл „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од 43 годишно лице од Струга, удрил во малолетен пешак од Охрид. Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“-Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33 годишно лице од с.Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, „Кражба“ и „Спречување на докажување“ и 28 годишно лице од с.Мешеишта поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ и „помагање на сторител по извршено кривично дело“. На 31.08.2021 во с.Мешеишта, првопријавениот со товарно возило превезувал огревни дрва и кога полициски службеници дале знак за запирање тој со возилото тргнал кон нив и се обидел да ги прегази. После тоа кога се исклучил од патот, го оштетил возилото за да не му биде одземено, а второпријавениот му помагал и ги попречувал полициските службеници во извршувањето службени дејствија.
OhridNews











