На 08.09.2026 во 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во с.Мешеишта, општина Дебрца, патничко возило „линк ко“ со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишно лице од Република Хрватска, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од СВр Охрид.

На 08.09.2026 во 15:40 часот на улицата „Илинденска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 18-годишно лице од Охрид.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со охридски регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека немал возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, мотоциклот е одземен и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „лажно пријавување кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик.

На 17.08.2026 во ОВР Струга, тој пријавил кривично дело „грабнување“ кое наводно му било извршено во Струга од повеќе лица и со закана со огнено оружје. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пријавениот лажно го пријавил кривичното дело, по што бил повикан на службен разговор и признал дека лажно пријавил кривично дело, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews