На 17.09.2026 околу 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид, 67-годишно лице од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Од здобиените повреди, лицето починало на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирала смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

На 17.09.2026 во 14:15 часот на улица „Мислешески пат“ во Струга, во координирана акција на полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид и ОВР Струга од слобода е лишено 44-годишно лице од Охрид.

Тој, откако ги забележал полициските службеници во такси возило со кое се превезувал се обидел да проголта, а потоа и да уништи две пакувања со бела прашкаста материја, но бил спречен и пакувањата му се одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишно лице од охридското село Косел и 28-годишно лице од Прилеп, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а лицето од Прлипел сторил и кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

При претрес во домот на второпријавениот, извршен на 10.09.2026 со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа повеќе пакувања со марихуана и кокаин, кои ги набавил од првопријавениот и ги препакувал за натамошна продажба. При претресот, во домот на второпријавениот, затекнат е малолетник од Битола на кој му овозможил да користи марихуана. Пријавените веднаш беа лишени од слобода, а со малолетникот, во присуство на неговите родители и претставници од Центарот за социјални работи се извршени разговори, по што ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews