На 19.12.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека врз 44-годишно лице од Либражд, Република Албанија, при изведување работни активности на трафостаница во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, паднала работна машина-пумпа за бетон.
Лицето со тешки повреди, со патничко возило било пренесено во близина на аеродромот Охрид, каде било предадено на екипа од Итната медицинска помош, која констатирала дека лицето починало. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител, полициски службеници и Државен инспекторат за труд, информираат од СВР Охрид.
На 19.12.2025 во 20:30 часот во Охрид, од слобода е лишено 36-годишно лице од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа марихуана, која е одземена за понатамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 66 и 44-годишни лица, двајцата од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.
Тие, на 05.12.2025 година се затекнати кај месноста „Габавци“, а во нивниот пловен објект, пронајдени се рибарски мрежи со улов од 147 парчиња риба белвица, крап и клен, со вкупна тежина од околу 18 килограми и друг разновиден риболовен алат.
На 19.12.2025 во 15:27 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во струшкото село Драслајца, едно лице физички и со нож го нападнало 33-годишно лице од селото Ложани.
Повредениот е пренесен во Општата болница во Струга за укажување на помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












