Вчера во СВР Охрид приведен е 30 годишен жител од Охрид, кој претходно, со заканa кон вработен во угостителски објект во Охрид му одзел мобилен телефон. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во друг одвоен случај во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од страна на охриѓанец.
На 09.10.2021 година околу 15.00 часот, во угостителски објект во Охрид бил нарушен е јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување извршено од 40 годишно лице кон 55 годишно лице, двајцата од Охрид. Против нарушителот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнуваат од СВР Охрид.
Во полицискиот билтен стои дека пред два дена се служил пожар на улица „Винковачка“
На 08.09.2021 година околу 23.00 часот, во СВР Охрид пријавен е пожар во гаража на улицата „Винковачка“, сопственост на П.К.(63) од Охрид, во кој нема повредени лица, информираа од СВР Охрид.
Интервенирано било од Територијалната противпожарна единица Охрид, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews













