На 20.09.2026 во 19:45 часот во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 34-годишно лице, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на 30-годишно лице, двајцата од истото село.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 20.09.2026 во 23:15 часот во Полициското одделение во струшкото село Велешта е пријавено дека во село Боровец бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од дебарското село Џепиште врз 18-годишно лице од струшкото село Јабланица.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“.

Пријавениот, вработен во Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи Струга, како советник и овластен потписник на акти, злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, во текот на 2022, 2023 и 2024 година изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште на други лица, самоволно им втиснувал службен печат за правосилност и ги испраќал до Одделението за катастар на недвижности Струга, но претходно не ги испраќал до надлежна институција за мислење, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews