Денес во 05:40 часот во село Лешани, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 40-годишно лице од Охрид, информираат од СВР Охрид.

Тој околу 05:00 часот се заканувал на 54-годишно лице и неговата сопруга пред семејниот дом во истото село. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.09.2026 во 18:25 часот на улица „Св.Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 48-годишно лице од Охрид.

Тој физички нападнал 50 и 43- годишни лица, двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.09.2026 во 18:30 часот во близина на хотел на струшкото крајбрежје, полициски службеници од мобилниот тим при Регионален центар за гранични работи Запад приведоа 21 и 19-годишни лица, двајцата од Струга.

При преглед кај нив пронајдена е марихуана и остар предмет. На 02.09.2026 во 00:30 часот, припадниците на мобилниот тим, во близина на автокамп во Струга приведоа и 39-годишно лице од Струга кај кого, исто така, пронајдоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против сите приведени лица ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews