На 26.07.2023 година во периодот од 09 до 15 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 39 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив во Охрид-12, Струга-10, Кичево-10, Дебар-07. Целта на контролите е доследно придржување до одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, зголемување на сообраќајната безбедност и елиминирање на можности за сообраќајни незгоди, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38 годишно лице од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Тој, на 04.07.2023 во Охрид физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишно лице од охридското село Трпејца.

При вонреден инспекциски надзор, извршен на 05.06.2023, било констатирано дека тој извршил доградба на индивидуална семејна ќуќа од тврда градба во селото без да поседува одобрение за доградба, издадена од надлежен државен орган, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews