Во полицискиот билтен изминатото деноноќие евидентирани се два случаи на насилство.

На 23.11.2025 година во 04:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека 34-годишна жена физички, а потоа и со секира, го нападнала нејзиниот 40- годишен невенчан сопруг. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Случај на насилство во дом бил регистриран и во Струга, а напаѓачот е приведен.

На 22.11.2025 година во 14:40 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, лишен од слобода е 45-годишен жител на Струга, кој претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.

OhridNews