На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу 63- годишно и 56-годишно лице, и двете од Охрид.

Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 31.05.2025 година во 22,20 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид, товарно моторно возило „Нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 51-годишно лице од Охрид удрил во мотоцикл, „Хонда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 00-годишен охриѓанец.

Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи, информира портпаролот Димоски.