Продолжува трендот на насилство во Охрид. Речиси секојдневно СВР Охрид известува за разни нарушувања на јавниот ред и мир, физички пресметки и напади на службени лица.
Исклучок не е ниту изминатото деноноќие, во кое, регистрирани се повеќе физички насилства.
Утрово во 04,35 часот, во СВР Охрид приведен бил 27-годишен охриѓанец кој агресивно се однесувал кон полициските службеници при преземање на службени дејствија на улицата „Егејска“.
Синоќа околу 23 часот, во охридското село Трпејца, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од локален жител врз соселанец.
Вчера во 17.30 часот, во СВР Охрид бил пријавен и физички напад од сопруг во кој настрадала неговата сопруга.
Вчера вечер од слобода бил лишен 33-годишен охриѓанец кој. претходно. во семејниот дом со дрвен предмет го нападнал неговиот татко.
Во билтенот уште е регистрирана и кражба во маркет во Охрид. Приведена е 43-годишна ресенчанка.
OhridNews












