
делото на познатиот автор.
Во инспиративниот текст приредувачот на делото констатира, дека: „Тодоровски беше сподвижник на круцијални настани, неразделно сврзани со општите состојби на нашата татковина. Болештините на татковината беа негови истрадани болештини, пресликани во богатото поетско творштво. Со своите ставови и сфаќања за одредени теми никого не оставаше рамнодушен. Како творец од висок ранг Гане Тодоровски беше поборник на прека реч, продуховена и исклучително прецизна. Спаѓаше во редот на афирматорите на новите појави и тенденции, но во исто време беше и бескомпромисен
полемичар, без влакно на јазикот, особено кога се работеше за одбрана на достоинството на националните вредности“.
OhridNews











