Капетанијата на пристаништата започна со контрола на техничката исправност на пловните објекти на Охридското Езеро. Деновиве во Охрид престојуват и овластени претставници на бродскиот регистар „Биро Веритас“, кoи исто така вршат проверка на пловните објекти.


-Беше направен таканаречен меѓу преглед  од страна на „Биро веритас“ на комерцијалните бродови, а пловилата за рекреација се прегледуваат во предвидените рокови. Како истекуваат роковите се врши проверка за реобновување на дозволата што ја докажува способноста за пловидба. – изјави Горан Устијаноски – раководител на Капетанија на пристаништата.


Горан Устијаноски

Паралелно со контролата, во тек се и градежни зафати за продлабочување на пристаништата во Охрид и Св. Наум.

-Со текот на годините наносот кој се таложел тука го намали оперативниот дел внатре во пристаништето. Со овие зафати ќе добиеме подобра длабина особено во период кога ќе има помалку вода. Сега водостојот е висок што го отежнува одвивањето на работите. меѓутоа правиме колку што можеме да ја санираме ситуацијата.-рече Устијаноски.


Според најавите, пристаништето во Охрид ќе биде реконструирано и ќе добие уште два крака, со што ќе може да одговори на потребите на охридската бродска флота, која од година во година е се побројна.

Г.М.