По повод Денот на Екологијата, 5 Јуни, Женски Центар „Бисера“ објавува конкурс за избор на најубаво уреден двор и станбена површина. „Конкурсот се објавува со цел да се поттикнат граѓаните да учествуваат и дадат свој придонес за почист и поубав град, во пресрет на туристичката сезона“, велат од „Бисера“.
Конкурсот ќе трае од 20 Maj до 3 јуни.
Сите заинтересирани граѓани своето учество може да го пријават на тел. 077/911-012, лице за контакт Наумка Пенезич.
OhridNews












