
Главната свеченост ќе се одржи во ОУ „Григор Прличев“, со почеток во 18.30 часот, на која со своја програма ќе учествуваат ученици од сите основни училишта и од детската градинка „Јасна Ристеска“.
По повод Меѓународниот ден на мајката, „ Бисера“ објавува награден конкурс за литературни и ликовни детски творби на тема Мајка, што ќе трае од 15- ти април до 5- ти мај. Творбите може да се достават во просториите на здружението секој работен ден од 11 до 13 часот.
За најдобрите литературни и ликовни детски творби на објавениот конкурс, на пригодната свеченост на 9- ти мај, ќе се доделуваат награди и признанија.
OhridNews












