Членките на Женски Центар „Бисера“ ги посетија децата кои се лекуваат во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и им поделија новогодишни пакетчиња.
-Претходно,организиравме предновогодишна хуманитарна забава,на која сите пекари од Охрид донираа свои производи кои на забавата се продаваа, а средствата се искористија за купување пакетчиња за најмладите,информираат од „Бисера“.
Оттаму изразуваат благодарност до сите хумани граѓани кои ја поддржале акцијата.
OhridNews














