Во рамки на одбележувањето на меѓународната кампања „16 денови активизам против семејно насилство“,  Женски центар „Бисера“ од Охрид деновиве организираше работилница на тема „Превенција и едукација за семејно насилство“.

Работилницата се одржа во  ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, а целна група беа ученици од 3-та година.

Предавачи на работилницата беа членки волонтерки од Женски центар „Бисера“ кои работат на програми за намалување на семејното насилство.

OhridNews