Членовите на Женскиот Центар „ Бисера“ изразуваат револт поради информациите дека во градот Елбасан во Република Албанија ќе биде уништено хемиското оружје од Сирија. Од здружението упатуваат апел за спречување на реализацијата од страна на официјална Тирана.
– Загриженоста кај нашето членство е огромна бидејки се грижиме за здравјето на граѓаните, а особено за нашите деца. Имајќи ја предвид близината и местоположбата на местото каде што се планира да се уништи хемиското оружје, сметаме дека се загрозува животната средина, здравјето, идните поколенија, како и развојот на туризмот во Охрид кој е под заштита на УНЕСКО, велат од „Бисера“.
Оттаму изразуваат надеж дека нивниот апел ќе допре до надлежните во земјава и во соседна Албанија.
OhridNews