Во рамки на Саемот за туризам кој деновиве се одржа во Белград , неизоставен дел од претставувањето на туристичкиот потенцијал на Охрид, беше и охридскиот бисер на фамилијата Филеви.

Меѓу присутните на саемот беа и низа познати имиња од естрадата и јавниот живот во Србија кои  се воодушевуваа на накитот на фамилијата Филеви која со изработка на охридскиот бисер се занимава од 1928 година.

Штандот на Филеви го посетија и принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ и познатата естрадна уметничка Неда Украден кои од страна на Михајло Филев на подарок добија охридски бисер.

OhridNews