Еден од најталентираните македонски фудбалери, Елиф Елмас ќе го напушти Работнички и кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче.

Потврда за преселбата на македонскиот репрезентативец дадоа турските медиуми кои веќе и го преставија како ново засилување.

Елмас својот квалитет го потврди во дресот на А селекцијата и во репрезентацијата до 21 година со која настапуваше на Европското првенство во Полска.

Трансферот во Фенербахче е голема шанса за Елмас, бидејќи соблекувалната ќе ја дели со фудбалери од светски калибар како Робин ван Перси и други.

OhridNews