Силниот ветер исфрли големи количини најразличен цврст отпад од надојденото Охридско Езеро. Само вчера претпладне од езерските води екипите на јавна хигиена извадија 40 метри кубни смет. Но, ветрот кој дуваше вчера попладне донесе нов смет на езерскиот брег.
За жал, ваквата грда слика се повторува речиси при секое помало невреме и бран. Taa сама по себе говори за ниското ниво на еколошка свест кај населението од двете страни на границата.
Охридското Езеро заедно со градот Охрид се меѓу само 28 места во целиот свет заштитени како природно и културно богатство, но очигледно тоа недоволно го цениме.