По пауза од цели два месеци на терените ширум Европа се врати најелитното натпреварување Лигата на шампиони. Трката по најпосакуваниот трофеј стигна до 1/4 финалето а, за дел од гигантите како Милан, Реал, Баерн, Арсенал е единствента шанса да се спаси сезоната .

Реал – Баерн 3:2

На “Бернабеу“ во дуелот на титаните Реал се стекна со минимална предност која пак ни гарантира одличен  и интересен реванш натпревар . 9- кратниот шампион, Реал, се чинеше дека сета работа ја заврши во првиот дел кога на одмор заминаа со 3:1.Два пати Раул, еднаш Руд Ван Нистелрој ја начнаа мрежата на Кан, а Лусио беше стрелец за Баерн во интересното прво полувреме. Радоста на кралевите ја скрати екс играчот на Барса Ван Бомел со голот во 88 мин.


Раул го постигнува вториот гол за Реал

ПСВ – Арсенал 1:0

Актуелниот вицешампион неуспешно го мина тестот наречен ПСВ Ајндховен. И покрај доминацијата на тернот топџиите не реализираа наколку изгледни прилики, а казната стигна по  еден час игра од Мендез кој со удар од 30 метри го совлада Леман. За пласман понатаму на Анри и другарите ке им треба победа од два гола разлика на “Емирати“.


Мендез го прославува погодокот

Лил – Ман. Ју. 0:1

Најголема работа завршија “бебињата“ кои во Франција во контраверзен натпревар се стекнаа со огромна предност пред реваншот на Олд Трафорд. По слабото прво полувреме одлуката падна во 83 мин кога лисецот Гигс ја искористи невниманителноста на домаќините. Додека го местеа живиот ѕид, Гигс биеше во празната мрежа. Домаќините негодуваа сакаа и да го напуштат теренот но на крајот се вратијаа а Манчестер ја доби својата одмазда за миатогодисната елиминација во фазата по групи.


Стариот лисец Гигс го реши Лил

Селтик – Милан 0:0

Едниствениот натпревар без голови го одиграа  Селтик и Милан.Ниту росонерите не успеаа да ја освојата Шкотска.  Келтите можат да му се заблагодарат на Џилардино и неговата не прецизност во одлучувачките моменти, со што ја задрзаа непоразеноста на домашен терен. Натпреварот против Селтик беше 100 натпревар за легендарниот “il kapitalo”  на Милан, Паоло Малдини, во Лигата на шампиони.


Мајстор за промашувања – Џилардино

нова пресметка:

Со шлагерот на вечерта Барселона – Ливерпул продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони. Бранителот на титулата  Барса на Ноу Камп ќе го пречека освојувачот на трофејот од 2005, Ливерпул.

Победникот од 2003 Порто кје го пречека својот учител Жозе
Мурињо и Челзи
на “Драгао“.

Одличаната форма во која се наоѓаат нероазурите ќе мора да ја потврдат против
лилјаците од Валенсија. Во првиот натпревар Интер е домаќин. Фаворитот од сенка Лион и гостува на незгодната римска волчица.

Терминот на одигрувањето на натпреварите е добропознатиот 20.45ч.

М. Постолоски