Општина Битола е прогласена за најпрестижна дестинација на Балканот за културно наследство и фестивалски програми во категоријата дестинации од културата. Признанието на општината и е доделено на Интернационалниот саем за туризам и култура кој годинава се одржа по десетти пат во Лугано, Швајцарија.
Наградата викендов , на посебна свеченост, му беше врачена на градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.
Општина Битола ваква награда добива по втор пат. Во 2009 година, во конкуренција од над 300 градови низ светот учесници на светскиот туристички саем во Лугано, Швајцараија, Битола ја доби наградата за најавангардна дестинација.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com