На 16-ти февруари во НУ „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата „Погледи“ на Фото кино клубот – Битола.
Во соработка со Центарот за културен проток АРТерија од Охрид, битолчани за прв пат ќе се претстават пред охридската јавност со самостојна клупска изложба на уметнички фотографии.
Како што потенцираат од ФКК – Битола, потребата и желбата за организирано делување на полето на фотографијата, вродило со плод, продолжувајќи ја традицијата на старите битолски фотографи.
Изложбата во охридскиот Центар за култура, ќе биде отворена на 16.02 од 19 часот.
OhridNews












