Селекциите на Јапонија и Америка ќе играат во финалето на женскиот Мундијал кој се одржува во Канада. Америка во полуфиналето ја совлада Германија 2-0, а Јапонија со 2-1 славеше над Англија.
Англичанките има за што да жалат бидејќи сонот за финале им го уништи бизарниот автогол кој си го постигнаа буквално во последните мигови од натпреварот.
Јапонките во финалето во недела против Америка ќе го бранат трофејот освоен пред четири години, а ден претходно во малото финале ќе се сретнат поразените во полуфиналето.
Ohridnews