Бразилскиот фудбалер Даглас Коста најверојатно ова лето нема да се пресели од Баерн Минхен во Јувентус поради бизарнa причина кај италијанскиот шампион.
На тимовите од Италија дозволено им е двајца фудбалери надвор до европските простори. Јувентус го ангажираше Родригез Бентацура од Бока Јуниорс, а во финални преговори се со Реал Мадрид за Данило.
Евентуалениот ангажман на бразилскиот дефанзивец ќе значи и дефинитивно откажување на Јувентус од преговорите со Баерн Минхен за доведување на Даглас Коста.
Трансферот на брзоногиот фудбалер требаше Јувентус да го чини од 40 до 50 милиони евра.
OhridNews