Необична ситуација се случи на трката на 3.000 метри за жени, на митингот во Лондон. Во трката која не се бодуваше за Дијамската лига победи Лилијан Касаит Ренгерук од Кенија, меѓутоа исходот ќе беше поинаков доколку Фанту Ворку на 200 метри пред целта не реши да ја заврши трката.

Ворку од Етиопија ја водеше трката кога неочекувано на половина круг до крајот реши да застане. Сите останати натпреварувачки потоа минаа низ целта, а таа остана без пласман.

Причината е помалку бизарна, бидејќи во моментот кога застанала, 19-годишната Ворку мислела дека ја минала целта. Во она што го виделе не можеле да повреуваат ниту легендарните атлетичари Мајкл Џонсон и Џесика Енис-Хил, кој како стручни коментатори ја анализирале трката за Би-би-си.

„Ова е бизарно. Вакво нешто до сега не сум видел“, рекол Џонсон.

„Изгледаше дека го има потребниот ритам за да победи. Потоа застана, погледна зад себе и не и беше јасно што прават останатите“, рекла Енис-Хил.

OhridNews