Капитенот на Аргентина, Лионел Меси даде бизарно оправдување за суспензијата од четири мечеви која му ја изрече ФИФА. Имено, Меси e суспендиран поради вреѓањето на помошниот судија на квалификацискиот натпревар меѓу Аргентина и Чиле за пласман на Мундијалот во Русија.
Во жалбата предводникот на „гаучосите“ навел дека не го вреѓал судијата туку пцуел во воздухот. Ваквите аргументи не се издржани и најверојатно суспензијата на Меси нема да му биде намалена.
Членот на Барселона одлежа еден натпревар од санкцијата, а неговата селекција изгуби од Боливија (2-0) и си ги закомпликува работите во квалификациите.
Меси ќе пропушти уште три натпревари, а во селекцијата ќе се врати за последниот квалификациски дуел со Еквадор кој можеби ќе одлучува за пласманот на СП во Русија следната година.
OhridNews