Вчера заврши рокот за пријавување за учество на вториот Глобален инвестициски самит „Македонија 2025“ кој од 8-ми до 10-ти октомври ќе се оддржува во Охрид.

Пријавени се над 180 македонски и странски компании од повеќе сектори, меѓу кои истакнати имиња од бизнис елитата и македонската дијаспора.

Во агендата на самитот предвидени се пет панел-дискусии на тема Конкурентност на македонските компании, потоа билатерални состаноци на учесниците и настани за поврзување: гала-вечера, коктели и хуманитарен концерт.

OhridNews