Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ организира Бизнис лига во мал фудбал во која можат да учествуваат сите правни субјекти од регионов. Бизнис лигата се враќа помеѓу охриѓани, откако паузираше неколку години.

– Следејќи ги пошироките потреби на нашето општество во овој случај потребите на активните вработени во компаниите, институциите и организациите организира Бизнис лига во мал фудбал. Спортското фудбалско дружење претставува Тим билдинг за вработените и ние искрено се надеваме дека со учеството на Бизнис лигата во мал фудбал ние заеднички ќе успееме за еден чекор да ја подобриме комуникацијата, мотивацијата, продуктивноста и желбата за работа кај учесниците а со тоа и вкупната клима во самите правни субјекти. – стои во соопштениет од Ј.П. „Билјанини Извори“.

Бројот на екипите е ограничен, а повеќе информации околу пријавувањето и самата лига на контакт телефонот 078 261-164 (Владо).

OhridNews