Во црквата Св. Никола Геракомија, денес се изврши примопредавање на кумството за големиот празник Богојавление – Водици.  На свечената богослужба, на бизнисменот Ванчо Чифлиганец  кумството му беше предадено од страна на минатогодишните кумови, браќата Климе и Јован Лотески.




Чифлиганец се заблагодари на укажаната чест да биде кум на манифестацијата Водици која се одржува во балканскиот Ерусалим. Како што тој истакна, се чуствува како лојален Македонец, радовишанец и уште полојален охриѓанец и  рамноправен жител на Охрид со оглед на тоа што веќе три децении често го посетува градот заедно со своето семејство. 


– Кога пред две години се капев во езерото и ме прашуваа пријателите зошто на 55 години се капеш, им огдговорив дека имам 35  години работен стаж, 20 години се бавам со бизнис, но дека оваа година започнувам амбиционен бизнис кој сакам господ да ми го поддржи и ми помогне. Верувале или не во моите 35 години работа овие две години беа најсупешните. Тоа си го поврзувам со Водици, манифестацијата и капењето, рече Чифлиганец.


На прес конференцијата која пред чинот на примопредавањето на кумството се одржа во ресторанот Св. Софија од страна на Чиглиганец на двајцата најдбри матуранти од охридската гимназиија Кристина Шалкоска и Дарко Домазетоски им беа доделени  потврдите за паричната стипендија која во текот на годината ќе ја добиваат од кумот на манифестацијата.

Од кумот на Водици за прв пат годинава ќе бидат доделени и  хуманитарни прехранбено- хигиенски пакети на педесеттина социјално загрозени семејства.


Среќниот фаќач на светиот крст, кумот Чифлиганец ќе го дарува со сребрен крст со позлата, налик на оној што на 19- ти ќе се фрла во осветните води на езерото. Помали крстови ќе добијат уште 50- на верници, најмладиот, најстариот учесник, една девојка, учесниците на масовното крштевање, почесни гости на манифестацијата и нејзините најактивни организатори. Пригодни подароци ќе им бидат доделени и на посетители на прославата .


Браќата Лотески го предадоа кумството на Ванчо Чифлиганец

Во врска со најавената изградба на спомен обележјето посветен на празникот, кој е иницијатива на годинешниот кум, Чифлиганец изрази надеж дека надлежните институции што поскоро ќе ги издадат потребните одобренија со цел споменикот да биде поставен до почетокот на летната сезона.

OhridNews