Пилотот на Марусија, Жил Бјанки, минува низ мачната програма за рехабилитација, соопшти во средата неговото семејство. Како што се наведува во соопштението француските лекари започнале со планираниот третман кој е дел од програмата за рехабилитација на Бјанки, кој на јапонското Гран при на 5-ти октомври се здоби со тешки повреди на главата.


Бјанки на 25-ти ноември беше префрлен од Јапонија во Франција, каде започнал самостојно да дише откако се разбудил од кома.

„Невролошкиот статус на Жил останува непроменет. Жил продолжува да се бори“, соопштија родителите на Жил, Филип и Кристина, пренесува „Макфаск“.

Францускиот автомобилист останува на одделението за интензивна нега во болницата во Ница, а неговата состојба и натаму е стабилна но критична.

 

Ohridnews