Лидерот во Серија А, Јувентус прокнижи нови три бода на табелата победувајќи го Палермо со минимални 1-0.
Седмата победа во 13-от натпревар на гостински терен за „бјанконерите“ ја донесе Алваро Морато со погодокот во 70-та минута од натпреварот.
Со новите три бода Јувентус се одлепи на +14 од второпласираната Рома, која в понелник игра против Сампдорија.
Мх.П.