Аргентинскиот фудбалски стручњак Марсело Бјелска ја имаше можеби најкратката авантура во еден клуб во модерниот фудбал откако по само два дена го напушти Лацио.
Преговорите околу ангажманот на Олимпико траеаја подолго отколку неговиот престој во клубот од Калчолигата. Се уште не се познати причините зошто Бјелса ја напушти екипата на Лацио.
Италијанските медиуми заминувањето на Бјелса го поврзуваат со селекторската функција во Аргентина која остана без предводник по отказот на Тата Мартино.
Во минатото Бјелса ги водеше екипите на Олимпик Марсеј, Атлетик Билбао, Еспањол, а има и репрезентативно искуство водејќи ги селекциите на Аргентина и Чиле.
Екипата на почетокот од подготовките и сезоната ќе ја предводи Симоне Инзаги кој години наназад работи во младинскиот погон од клубот.
OhridNews