Потегот на Марсело Бјелса по само два дена да го напушти тимот на Лацио го зачуди светот. Аргентинецот не чекаше премногу и даде објаснување за своето заминување од клупата на „лацијалите“.
– Јас и соработниците одлуката ја донесовме по четири седмици работа на проектот наречен Лацио. Ние како стручен штаб се почувствуваме изневерено од челниците бидејќи не испочитуваа ништо од договор кој го имавме пред да ја официјализираме соработката. На списокот им напишав седум засилувања, а ниту едно не ми обезбедија. На друг список им наведов играчи кои треба да заминат, ниту тоа не го испочитуваа и тука немаше простор за доверба и мораше да заминам. Клубот може да ме тужи, но и јас имам документ кој докажува дека мојата оставка е чиста поради непочитувањето на договорот. – рече аргентинскиот стручњак.
На клупата од Лацио, Бјелса ќе го замени Симоне Инзаги кој по завршувањето на фудбалската кариера работи во младинските категории во клубот од Олимпико.
OhridNews