Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2012 година, во споредба со декември 2011 година, е зголемен за 0,2%.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1%, Алкохолни пијалаци за 0,3%, Безалкохолни пијалаци за 0,2% и Ноќевања за 0,1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2012 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.5%.

OhridNews