Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе одлука за прекинатиот натпревар Србија – Албанија во квалификациите за ЕП во Франција.
Победата им припадна на србите со службени 3-0, но поради слаба организација српската репрезентација е казнета со одземање три бодови.
Следните два натпревари „орлите“ во квалификациите на домашен терен ќе ги играат без публика. Двете селекции се казнети по 100 000 евра, а одлуката УЕФА ќе ја соопшти во 14 часот на пресконференција.
УЕФА со овие благи казни не покажа заби и не застана цврсто зад фудбалот, кој се почесто се користи за испраќање на политички пораки.
Со одлуката за прекинатиот натпревар Србија остана на еден бод и Албанија на четирите освоени претходно.
Мх.П.