Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој попладне ќе го смени правецот во јужен. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на наредните два дена не очекуваат врнежи од дожд и минимална температура од -4, а максимална од 7 степени целзиусови.

Врнежите ќе претстанат во четврток кога ќе биде променливо облачно со сончеви периоди  и температура до 9 степени. Слично време ќе се задржи до крајот на неделата.