На пригодна свеченост, претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и заменик градоначалникот, Ангел Јанев на Амбасадорот на Република Словачка Мартин Безак и на Стојан Лекоски им врачија благодарници за нивната заложба за изложувањето на иконите кои општина Охрид му ги подари на градот Терхова.

За време на културната манифестација „Денови на св. Кирил и Методиј“ која се одржува во Терхова, подарените икони од Св. Климент и Св. Наум беа поставени на олтарот на црквата во Терхова која е посветена на светите Кирил и Методиј.  

И двете страни изјавија дека пријателските односи и културната соработка помеѓу двата града  македонскиот  Охрид   и  словачкиот Терхова ќе продолжат и во иднина.

OhridNews