Во име на жителите од населбата Воска, голема благодарност до Општина Охрид, градоначалникот Александар Петрески и Советниците, посебно г-дин Недим Положани.

Обележувањето на „Денот на Езерото“ значи многу за нашата населба бидејќи по тој повод се направија работи кои 30 години не биле направени во Воска. Новото игралиште им значи многу на нашите деца кои ќе имаат каде да играат фудбал. Положани дури беше сето време заедно со мајсторите кои работеа на игралиштето.


Просторот до стадионот сега е уреден и не личи веќе на отпад. Ги покануваме сите досегашни градоначалници да видат дека Воска сега е еден од најубавите делови во градот. На крај на краиштата – и ние имаме право достојно да живееме, како луѓе.

Жители на населба Воска