Најтрофејниот тим во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед доживеа нова бламажа откако на гостински терен изгуби 2-1 од новијлијата во англиското друштво Бурнмаут.


„Црешите“ со директен погодок од корнер во 2-та минута поведоа со 1-0, а гостите 20 минути подоцна ги изедначија бројките на семафорот.


Домаќините со втор погодок во вториот дел стигнаа до нова предност која ја задржаа до крајот на натпреварот.


Бурнмаут во две рунди успеа да ги совлада великаните Челси и Манчестер Јунајтед кои сезонава се далеку од своите најсветли моменти во Премиер лигата.

Резултати : Норвич – Евертон 1-1, Мен Сити – Свонси 2-1, Вест Хем – Стоук 0-0, Кристал Палас – Саутемптон 1-0, Сандерленд – Ватфорд 0-1, Бурнмаут – Мен Ју 2-1.

Табела : Мен Сити 32, Лестер 32 (-1), Арсенал 30 (-1), Мен Ју 29, Тотенхем 26 (-1)…

Ohridnews