Дуелот меѓу францускиот и англискиот шампион Пари Сент Жермен односно Челси е еден од најинтересните двомечи во осминафиналето од Лигата на Шампиони.


„Светците“ и „сините“ трета година по ред се среќаваат во нокаут фазата, а екипите по еднаш успеале да поминат во следната рунда.

– ПСЖ и Челси имаат подеднакви квалитети, а тренерот Гус Хидинк има полно искуство во ЛШ. Во тимот на Челси тој донесе мир и самодоверба што е потребно за вакви мечеви. Полека, ПСЖ стекнува репутација за голем клуб што значи дека сме на правиот пат. – рече Лоран Блан тренер на ПСЖ.

Пофални зборови за противник имаше менаџерот на Челси, Гус Хидинк кој ќе има тешка задача во осминафиналето.

– Тие изградија екипа која моќно доминира во францускиот фудбал. Но, да зачекорите кон елитата мора да победите во Лигата на Шампиони, а нашиот противник чекори токму по тој пат. Ние напредува чекор по чекор, но се уште не сме на посакуваното ниво. Не сме во ситуација да се наметнеме наш стил на игра затоа ќе одиме да се надигруваме. – рече Хидинк.

Холандскиот стручњак за првиот меч со французите нема да може да смета на капитенот Џон Тери и Курт Зума кој ќе отсуства подолго време од терените. 

OhridNews