Светското првенство во ракомет во Катар беше само тест и проба за она што допрва следува во азиската држава. Во Катар ќе се одржи Олимпијадата, а шлаг на тортата ќе биде фудбалскиот Мундијал во 2022 година.
Во ракометот репрезентацијата на Катар направи бум пласирајќи се во финалето со натурализирани ракометари од Европа. Селекцијата на Франција не дозволи сензација триумфираше во финалето и го освои златниот медал.
Првиот човек на Светската фудбалска куќа (ФИФА), Сеп Блатер ја отфрли можноста земјата домаќин да собере тим со супер ѕвезди.
– Нацијата со 2,2 милиони жители пред себе има голем предизвик да „скоцка“ селекција за Мундијалот во 2022 година кога се домаќини. Ве уверувам дека нема да се повторат грешките од ракометот. Натурализацијата репрезентативци преку ноќ е контрадикторно со нашата идеја за националниоте екипи и тоа нема да го дозволиме. – рече Блатер.
Меѓутоа во ракометот правилата за натурализација се играчот да нема настап за националниот состав три години.
Во фудбалот ако еднаш настапиш за А селекцијата немаш право да носиш друг дрес од репрезентација, но до СП во фудбал има уште седум години и се е можно до тогаш.
Ohridnews