Обилните врнежи оваа зима го рехабилитираа Студенчишкото блато. Под вода се големи површини од блатото кое е природно живеалиште на бројни живи организми и ендемски видови неопходни за одржување на балансот на Охридското Езеро. Некогаш овој природен филтер на езерото кој служи и како заштита од поплави се протегал на многу поголема површина. Со изградбата на патеката до Горица и урбанизацијата, површината на блатото е драстично намалена. Поради се поголемите апетити на човекот постои реална опасност овој природен резервоар наскоро да биде дополнително намален и урбанизиран, што според стручните лица ќе има несогледливи последици врз еко системот.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com