Градскиот ракометен клуб Охрид во сабота, 25 април, го игра првиот полуфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп со РК Целје во салата „Златорог” со почеток во 18:00 часот.
Ни следи полуфиналето со екипата на Целје. Одлична, експлозивна и млада екипа. Немавме многу време да се подготвуваме поради обврските во домашното првенство па затоа оваа недела ќе го анализираме противникот. Ние како и секогаш ќе оставиме срце на терен и ќе се обидеме од Словенија да се вратиме со што подобар резултат пред вториот натпревар, вели голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески.
Реваншот се игра на домашен терен во СРЦ „Билјанини извори“ – Охрид на 02.05.2026 (сабота) со почеток од 19:00 часот.
Билетите за натпреварот во „Билјанини извори“ се пуштени во продажба онлајн на:
https://mktickets.mk/event/grkoh-3/
OhridNews












